Апликации за следење ТВ-програми на барање, YouTube и стриминг

Вашиот мобилен уред е пренослив центар за забава, со апликации за музика, читање, радио-емисии, ТВ и филмови.

Дознајте како вашиот мобилен уред може да биде центар за забава и да служи како ТВ-уред или радио. Постојат и некои други облици на забава што можете да ги разгледате.

Пред да почнете

Постојат голем број апликации што емитуваат податоци од интернет на вашиот телефон или таблет. За да ги користите тие апликации, ќе ви треба домашна Wi-Fi интернет-врска или пакет мобилни податоци со достапни податоци.

Запомнете, треба да преземате апликации за забава само од нивните официјални продавници. Некои услуги, како што е следење ТВ-програми на барање, имаат официјални апликации, додека услугите како поткасти или интернет-радио, имаат голем број апликации од кои можете да изберете. Разгледајте ги и проверете ги критиките од други корисници за да одредите која апликација ви одговара најмногу.

Забава

Апликации за следење ТВ-програми на барање

Овие апликации ви овозможуваат да ги гледате најголемите мрежни телевизии на вашиот уред, меѓу другите:

  • ABC iView
  • SBS On Demand
  • 10Play
  • 9Now
  • 7plus

Овие апликации ви овозможуваат да избирате програми од почетниот екран, и откако ќе ги користите одредено време, ќе ви предлагаат содржини што можеби ќе ви се допаднат. Ќе треба да се најавите за бесплатна сметка и ако имате соодветен паметен ТВ-уред, можете да добиете верзија од апликацијата и за вашиот ТВ-уред.

Безбедно е да создадете сметка на апликација за следење ТВ-програми на барање, но треба да бидете сигурни дека користите уникатна лозинка. Не користете лозинка што ја користите за нешто друго, особено вашата главна адреса на е-пошта или други владини услуги.

Апликации за стриминг на видео и музика

Овие апликации ви овозможуваат да уживате во голем избор на забава, од мејнстрим филмови до независни документарни филмови, странски ТВ-програми и друго. Еве неколку примери:

  • Netflix
  • Disney+
  • Prime Video
  • Stan
  • Apple TV+
  • Binge

Исто како и следењето ТВ-програми на барање, овие апликации ви овозможуваат да избирате филмови и емисии од почетниот екран, а тие ќе научат што претпочитате и ќе ви предлагаат содржини. Ќе треба да се најавите за да регистрирате сметка и претплата и да ги дадете деталите на вашата кредитна картичка за да ја користите услугата преку официјалната апликација за вашиот уред. Содржината е достапна од услуги, па можеби ќе треба да се претплатите на повеќе од една од нив за да ги добиете сите емисии и филмови што ги сакате.

Може да ви биде тешко малку да најдете емисија или филм што сакате да ги гледате ако сте се претплатиле на повеќе услуги и ако користите повеќе од една апликација. Можете да ја користите апликацијата JustWatch за да најдете содржини и таа ќе ви каже која апликација да ја користите за да ги гледате.

Исто така, постојат апликации за стриминг на музика организирани според артист, албум и песна. Можеби ќе треба да платите претплата, но можете и да слушате реклами помеѓу неколку песни. Еве неколку примери:

  • YouTube Music
  • Spotify
  • Apple Music

Апликации за интернет-радио и поткасти

Апликациите за интернет-радио и поткасти се само за слушање:

  • интернет-радиото (Internet radio) ви овозможува да слушате радио-станици од целиот свет.
  • како услуга, интернет-радиото е бесплатно.
  • некои примери за апликации се Listnr, iHeart Radio и TuneIn.
  • поткастите (Podcasts) се аудио-програми од целиот свет во епизоди и исто така се бесплатни.
  • можете да се претплатите бесплатно на поткаст за да добивате известувања кога ќе биде достапна следната епизода.
  • некои примери за апликации се Apple Podcasts, Google Podcasts, Pocket Casts, и Podcast Addict.
  • некои апликации комбинираат интернет-радио и поткасти, како што е апликацијата ABC Listen.
  • постојат и апликации што комбинираат поткасти и аудиокниги, а меѓу нив се Audible, Kobo Books и Audiobooks.com. ABC Listen има и аудиокниги.
  • апликациите за интернет-радио и поткасти обично се бесплатни, но некои имаат и професионално (pro) издание што чини 5-10$ и има повеќе функции.

Сѐ за YouTube

YouTube е уникатна услуга, интернет-страница и апликација на Google што им овозможува да корисниците да поставуваат видеозаписи и музика што другите можат да ги гледаат:

  • оваа услуга исто така е домаќин на професионални кратки филмови, филмски реклами, документарни филмови, епизоди од класични ТВ-емисии, клипови од стари филмови и многу друго.
  • таа е услуга погодна за семејства, но може да вклучува и клипови од филмови со насилство.
  • најдете содржини за гледање користејќи ја лентата за пребарување (Search bar) и најавете се со вашата сметка на Google (Google Account) за да добиете препораки.
  • официјалната апликација на YouTube за вашите уреди ви ја олеснува навигацијата и гледањето клипови и подолги содржини.
  • YouTube емитува реклама (ad) на почетокот на секој клип и реклами во средината на видеозаписите подолги од 10 минути.
  • можете да се претплатите на YouTube Premium за да ги отстраните рекламите и да добиете пристап до YouTube Music како бонус.